545
Моделот Ешли Греам често објавува фотографии од своето „несовршено“ тело, па за време на бременоста позирала целосно гола и тоа го објавила на својот Инстаграм профил.
Со овој потег Ешли сака да им покаже на сите жени дека не мора да бидат совршени, особено додека се бремени.
Џастин (сопругот) вели дека моите стрии изгледаат како дрво на животот“, напиша таа покрај фотографијата што не е создадена со Фотошоп.
Преку коментари се огласиле и нејзините колешки Наоми Кембел, Кристи Тарлингтон, Хелена Кристен, кои секако и упатиле комплименти.
View this post on Instagram
Фотографијата на Ешли собра повеќе од 1.300.000 лајкови и многу позитивни коментари.
Да потсетиме, Ешли чека близнаци, две момчиња, а веќе го има синот Исак Менелик кој го роди минатата година.