ФОТО: Најпопуларниот плус сајз модел во црн корсет на модната недела во Париз

од Stefanija Kuzmanovska

Ешли Греам беше меѓу многуте познати гости на синоќешната ревија на „Муглер“ на модната недела во Париз.

Популарната манекенка предизвикува спротивставени мислења, па така за едни е пример за самодоверба, убавина и сексапил, додека други ја оспоруваат, сметајќи дека е спорна нејзината тежина од 95 килограми.

Колку и да се поделени мислењата, факт е дека Ешли Греам, која синоќа присуствуваше на ревијата на „Муглер“ на модната недела во Париз, ги помести границите и постигна огромен успех во светот на модата.

Кодексот на облекување на овој настан беше црна боја, и на пистата и во публиката.

Ешли Греам остана верна на себе кога е во прашање нејзиниот стил на облекување, носејќи го, како и секогаш, она што ѝ се допаѓа, без притисок да ги „прикрие несовршеностите“.

Најпопуларната плус сајз манекенка за оваа церемонија избра ѕвонасти панталони со чипка на дното, кои ги искомбинирала со корсет-фустан.

Го поддржува трендот на екстремни деколтеа кои ги следат Селена Гомез и Ким Кардашијан, а ова е можеби дури и најекстремната верзија на тој тренд.

Корсетот ги истакна облините на Ешли Греам, а таа гордо ја носеше оваа смела облека.

Слични содржини