На повидок нови американски санкции против Русија, на удар рубљата

од Vladimir Zorba
293 прегледи

САД и ЕУ размислуваат за воведување санкции против најголемите руски банки и рускиот фонд за директни инвестиции, пишува Блумберг, повикувајќи се на свои извори.

Се подготвуваат ограничувања во случај на руска „инвазија“ на Украина.

Една од опциите е да се блокира конверзијата на рубљи во долари, евра или британски фунти.

Најлоша мерка би била исклучувањето на Москва од меѓународниот платежен систем SWIFT, но извори на американската агенција велат дека тоа би било удар за обичните граѓани.

Според агенцијата, прашањето за санкциите би можело да го спомене американскиот претседател Џозеф Бајден за време на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин преку видео-врска планирана за вечерва.

Да потсетиме, Киев и западните земји, пред се САД, неодамна ја обвинија Русија дека концентрира сили на границата со Украина и подготвува инвазија на таа земја.

Руските власти постојано истакнуваат дека Москва ги преместува силите на своја територија, но дека тоа не претставува закана за никого и дека НАТО, наведувајќи ја опасноста од руска инвазија на Украина, ги придвижува своите сили кон исток кон руските граници.

Слични содржини