Жоао Феликс сака да го напушти Атлетико Мадрид.
Мадридски „Ас“ пишува дека Феликс е незадоволен од клубот и бара различни начини да си замине, но дека клубот во овој момент сепак одбива да го пушти.
Квалитетите на Феликс не се доведени во прашање, но тој тешко се вклопува во системот на Диего Симеоне и никако не може да ја покаже својата најдобра верзија. Феликс пристигна во 2019 година за 127 милиони евра, што го прави најскапо платеното засилување во историјата на „црвено-белите“, но досега не ги оправда очекувањата.
Португалецот сака да си замине на зима, елиминацијата од Лигата на шампионите само дополнително би влијаела на неговата одлука, а Атлетико во тој случај би размислувал за продажба поради големата финансиска загуба.
Целта на Феликс е во следните неколку месеци да му се наметне на Фернандо Сантош и да биде стандарден на Мундијалот, но тоа нема да се случи доколку остане резерва во Атлетико. Феликс смета дека летото е доцна за заминување, ќе има само два-три месеци да се снајде во новиот клуб. Нема шанси да игра во Атлетико, пред него во формацијата 3-5-2 се Луис Суарез, Антоан Гризман и Анхел Кореа.
Се очекува вечерва да остане на клупата, во меч кој е се или ништо за Атлетико. Тимот од Мадрид има четири бода, исто колку и Милан, додека Порто има пет и се уште не се знае кој ќе оди во осминафиналето, а кој во Лига Европа. Атлетико мора да го победи Порто на гости и да се надева дека Милан нема да го победи комбинираниот тим на Ливерпул.
Кои се опциите на Феликс?
„Ас“ не пишува за заинтересирани клубови, но познато е дека ова лето Барселона сакаше да го земе во трампа за Антоан Гризман, но Атлетико ја одби таа опција. Тој секогаш беше високо рангиран во управата на Барса меѓу потенцијалните засилувања, но сега Каталонците се свртеа кон Феран Торес, кој повеќе се вклопува во системот на Чави.
Феликс не е крилен напаѓач, ја нема вистинската позиција во формацијата што моментално ја форсира Барса, иако сигурно е дека Атлетико би ставил прилично висока цена …