Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг е подготвен да преземе нов предизвик во кариерата и да води голем клуб од странство. 51-годишниот стручњак е именуван како еден од фаворитите за нов менаџер на Манчестер Јунајтед од летото, кога ќе истече привремениот мандат на Ралф Рангник. Холанѓанецот призна дека е подготвен да прифати таква понуда.
„Мислам дека сум подготвен да одам во странски клуб. Со задоволство ќе пробам нов предизвик. Но, не го барам по секоја цена. Ако тоа никогаш не се случи, сепак не би ја окарактеризирал мојата кариера како неуспех. Но, верувам дека ги имам потребните квалитети за да се справам со таква задача“, изјави самиот Тен Хаг за De Folkskrant.
Тен Хаг го предводеше Ајакс од декември 2017 година, а досега со клубот освои две титули во Холандија и два купа. На кормилото на гигантот од Амстердам има 139 победи од 188 натпревари.