МВР: 132 сообраќајни прекршоци во Скопје

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 23 прекршоци што ги чинат пешаците, 11 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 31 мерка за непрописно паркирање.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, порачаа од МВР.

Слични содржини