Дефанзивецот на Барселона Жерар Пике зборуваше за медиумите пред натпреварот на неговиот тим со Баерн Минхен.
Тој беше прашан зошто Баварците се толку многу подобри во последните години.
„Разликата е во водењето на клубот, толку е едноставно“, кратко одговори Пике.
Овој натпревар е решавачки и за Барса која се уште нема обезбедено пласман во следната фаза.
„Се бориме за нашите животи. Можеме да си потврдиме на себе си дека имаме место во европските натпреварувања и дека можеме да се натпреваруваме. Претходните два натпревари со Баерн не поминаа како што треба, но тоа е минато“, изјави искусниот. фудбалер.
Тој одговори и на прашањето како да се запре Роберт Левандовски.
„Со тоа што ќе го оставиме надвор од нашиот шеснаесетник. Мораме да играме на нивната половина. Роберт е многу добар фудбалер и неговите голови се тие што ја прават разликата“, заклучи Пике.