Делта сојот останува доминантен во Македонија

од Берта Китинска
348 прегледи

Во моментов во земјава има 5.821 активни носители на вирусот. Најголемиот број од нив се во Скопје  (2746), додека пак најмалку активни случаи има во Дебар (1).

Досега во земјава не е регистриран случај со Омикрон сојот на Ковид-19. Се уште доминантен е Делта сојот, како кај нас, така и во дел од државите во регионот.

Надлежните и натаму апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што посочуваат, само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе спречи ширење на мутации на ковид 19.

Досега во земјата се направени вкупно 1.491.973 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.194, бројот на оздравени пациенти е 204.685, на починати е 7.688

Слични содржини