На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од автомобил пропаднат во еден од каналите што водат кон езерцата во Градскиот парк во Скопје.
Фејсбук групата „Ние сме од Скопје“, кои први ја споделија фотографијата, прашуваат „Го чува ли некој паркот навечер?“
Во оваа зона од Градскиот парк не е дозволен пристап на автомобили, а засега не е познато како автомобилот „запливал“ во каналот.