Митрески: Бројот на прифатените буџетски амандмани го потврдува демократскиот капацитет на власта

од Берта Китинска
218 прегледи

Од утре ќе почнеме да го разгледуваме Буџетот и до наредниот четврток се надевам дека тој ќе биде изгласан, истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во гостувањето во „Утрински брифинг“. Според него се уште постои како опција и работењето за време на викенд за оние закони што се со рокови и треба да се усвојат до крајот на годината.

-Специфика на овој буџет е што има најмалку амандмани поднесени од опоцизијата. Претходно станувало збор и за 900 до илјада амандмани. Сепак, исто така специфика се и средствата од 350 милиони денари, историски највисоко ниво како износ на прифатени амандмани, најголем барем во последните 15 години. Тоа е доказ на демократскиот капацитет на оваа власт. Кога ние сме биле опозиција ни се прифаќале амандмани во незначителен износ до три милиони денари, рече Митрески.

Тој додаде дека пред пратениците на пленарна седница ќе се најдат 56 законски решенија, а денеска се очекува да се усвојат и три одлуки за продолжување на кризна состојба. Митрески не очекува нова блокада од страна на пратениците од опозицијата, судејќи по договорот од неформалните состаноци на координаторите на пратеничките групи.

Слични содржини