Институтот за јавно здравје во своето последно секвенционирање на примероци од минатиот месец се уште го нема откриено новиот сој Омикрон.
964 лица во земјава повторно се заразиле со вирусот, а две од нив и по трет пат. Само четвртина од заразените имале претходен контакт со друго заразено лице, велат информациите од МојТермин.
– Седум од лицата кои се реинфицирале имале коморбидитети, вели епидемиологот Драган Кочински.
Инциденцата или заразноста во земјата останува висока. Тринаесет од сто лица во скопскиот регион, а во просек 10 од 100 лица, или 10.546 лица се во просек заразени на 100.000 жители. Крајните источни региони во моментов имаат помала заразност, а најпогодени освен Скопје се општините Велес, Прилеп, Кавадарци и Неготино.
Според последниот извештај на ИЈЗ за периодот од 29 ноември до 5 декември, тестирани се 16.948 материјали, со намалување од 9,8% во однос на минатата недела. Регистрирани се 2.275 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 17,3% во однос на минатата недела.