Министерството за здравство информира дека со амандман ќе интервенира, да ги повлече измените на Законот за здравствена заштита што се однесуваат на делот со трансплантација на органи заради лекување.
„МЗ е отворено за секаква дискусија, јавна дебата, а наша цел е заедно со сите чинители да ги надминеме разликите за доброто на граѓаните и пациентите“, додаваат од министерството.