Мау ја покани Шуаи Пенг да го додели трофејот во Анже (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
292 прегледи

Никола Мау, еден од најдобрите играчи во двојки и директор на ВТА турнирот во Анже, сака да и помогне на Шуаи Пенг.

Кинеската тенисерка целосно исчезна од јавниот живот по објавата на социјалните мрежи дека била принудена на сексуална врска со поранешниот вицепремиер на Кина.

Светот на спортот е многу загрижен за судбината на поранешната шампионка во двојки на Ролан Гарос.

Мау испрати порака што се надева дека Пенг ќе ја види.

„Сите се тука на оваа премиера, но нема една личност – Шуаи Пенг. Не си на теренот оваа недела, затоа сакам да те поканам да му го доделиш победничкиот пехар на победникот во недела, во мојот град. Шуаи Пенг, те чекаме“, рече Мау.

ВТА турнирот во Анже се игра неделава за награден фонд од 125.000 евра.

Слични содржини