Бугарија ја злоупотребува својата позиција во ЕУ и го прекршува Договорот за пријателство, вели Петровска

од Nikola Popovski
401 прегледи

Одолговлекувањето на почетокот на преговорите со ЕУ создава напната атмосфера во нашето општество, посочува пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска во емисијата „24 анализа“.

Таа потенцира дека тоа сериозно делува на отворање широка врата за влез на евроскептицизмот во државата.

-Ова прашање е сериозно стратешко прашање на ЕУ. Апелирам како политичар и граѓанин, бугарскиот политички врв сериозно да ја разгледа својата одлука и навистина да се предомисли и да го верификува сето она што РСМ го направи на планот на евроинтеграција. Жално е што Бугарија ја злоупотребува својата позиција во ЕУ и го прекршува Договорот за пријателство, констатира Петровска.

Слични содржини