315
Град Скопје испратил барање до ЈП Градски паркинг – Скопје за намалување на цените на паркинг просторот. Според градоначалничката Данела Арсовска процесот е веќе отпочнат.
-Ситуацијата е таква да градот мора да испрати барање до соодвеното јавно претпријатие. Таму треба Управниот одбор да донесе одлука, со која што ќе прифати да ги намали цените за 25%. Понатаму тоа би дошло во Град Скопје на прифаќање од страна на Советот, вели Арсовска во емисијата „Само интервју“, давајќи одговор околу можноста за нови цени на услугите.
Арсовска не смета дека тоа ќе ги стимулира граѓаните да ги користат автомобилите уште повеќе, бидејќи како што вели, „тој што одлучил веќе, така и ќе продолжи да ги користи“.