По Конгресот во недела: Мицкоски најавува кадровска чистка во ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска
401 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ најавува кадровски промени по Конгресот на којшто ќе се избира нов лидер на партијата в недела, пренесуваат опозициски медиуми.

Од партијата исто така брифираа дека лидерот Христијан Мицкоски на самиот Конгрес в недела ќе најави сериозни кадровски освежувања што ќе се случат по Конгресот, во согласност со новите политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на новата доктрина, која, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде нова водилка на партијата во наредниот период, и која ќе биде разгледана на Конгресот, неофицијално ќе стои дека „основна цел на ВМРО-ДПМНЕ во овој временски момент, е кај граѓаните да ја возобнови надежта дека може да се живее добро дома во Република Македонија“.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски во емисијата 24 анализа во врска со конгресот в недела, вели дека поддршката Мицкоски ќе бара од сите делегати, а тој како делегат стои зад неговата кандидатура.

– Тој ја обедини партијата во едно тешко време и донесе победа на партијата на локалните избори. Тој начин на убедување и трчање на долга патека на прифаќање на различностите внатре во партијата ќе вроди со плод. Најдобрите резултати за партијата и Македонија, допрва доаѓаат. Мискоски беше човекот што ми даде доверба да застанам на сериозна позиција, вели Андоновски