Прегратка на Венера и Плутон на небото: Аспектот на кармата што носи среќа за 4 знаци од зодијакот

од Vladimir Zorba
548 прегледи

Како што велат астролозите, овие денови на небото се случува еден важен аспект – спојот на Венера и Плутон. Овој планетарен танц на небото ќе го почувствуваат речиси сите знаци на Зодијакот, а најмногу среќа ќе им донесе на четири избрани.

Плутон и Венера во конјукција ќе постават најголеми барања пред Јарецот, а најголеми предизвици ги очекуваат три знаци.

Ова е период кој на многумина може да ја донесе блискоста со луѓето кон кои чувствуваме привлечност и страст, кои што не можеме да им ги објасниме. Тука нема ништо рационално, тоа е само опсесија и неконтролирана страст.

Тоа се претежно плутонци кои се опседнати со нас и кои на секој начин ќе се обидат да не вовлечат во нивниот мрачен свет.

Овој спој се случува во знакот на ладниот Јарец, така што во горе опишаните драми, една личност ќе биде опсесивна, желна за комуникација, љубов и дружење, а друга ладна и незаинтересирана. Конјукцијата е најсилниот аспект и може да има и добри и лоши ефекти, а како ќе влијае на нас зависи од расположението во кое сме.

Венера и Плутон во оваа комбинација носат силна и длабока љубов, фатална привлечност, но од друга страна овој аспект е и симбол на опсесија, посесивност, љубомора и лудило. Преку овој аспект на планетата на љубовта и убавината, Венера и темниот бог на подземјето Хад, или Плутон, ќе се дружат до средината на јануари, па тој период ќе биде одбележан со големи турбуленции и драма на полето на емоциите и љубовта.

Венера во прегратката на Плутон е симбол на фаталната привлечност и враќање во нашите животи на фаталните луѓе од кои се обидуваме да ги напуштиме, избегаме и на кои ќе им се враќаме во овој период привлечени од магнет. Ова враќање не мора да биде ни во физичка смисла, туку и во емотивна смисла или во мисли од кои не можеме да ја избркаме таа личност.

Ако, пак, ние сме тие кои сме опседнати со некого, овој аспект ќе не натера да ги превртиме „небото и земјата“ за да стигнеме до нашиот „објект“ на страста.

Оние кои се фаворити на небото со овој аспект, доколку се во позитивна врска со Венера и Плутон на наталната карта, ќе доживеат длабока љубов каква што досега не почувствувале. Ќе имаат можност да започнат врска со сродната душа, а преку таа врска ќе доживеат голема трансформација.

Оваа конјукција на Венера и Плутон најинтензивно ќе влијае на родените на крајот на знакот Јарец, додека најголема среќа ќе им донесе на родените на крајот на периодот на Бик, Девица, Риби и Шкорпија.

Играта на овие две планети на небото ќе биде особено напорна и предизвикувачка за родените на крајот од периодот – Рак, Овен и Вага.

Слични содржини