Министерот за економија Крешник Бектеши придружуван од заменик- директорот на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Имер Зенку оствари работен состанок со министерката за економија на Република Косово, Артане Ризваноли и директорот на Косовсата енергетска корпорација (КЕК) Нагип Красниќи.
„Како Северна Македонија секогаш сме подготвени и заинтересирани да ја зголемиме соработката со Република Косово на секое поле, особено сега кога се соочуваме со здравствената и енергетската криза поради која сме собрани денеска. Значи, ние и претходно сме разговаравме, многу сме заинтересирани да ја продлабочиме соработката особено во однос на набавка на јаглен од Република Косово во Северна Македонија за потребите на функционирањето на термоцентралите бидејќи капацитетите во однос на експлоатација на јаглен ни се ограничиени и имајќи предвид дека Косово има значителни резерви сметаме дека техничките тимови треба да изнајдат решение кое ќе биде вин-вин и за Република Косово, но и за Северна Македонија. На тој начин да се зголеми соработката не само со увозот на јаглен, туку и во однос на пазарот на електрична енергија воопшто за двете земји. Ние сме крајно заинтересирани да се изнајде такво решение, имајќи предвид дека во одредени месеци и Косово можеби ќе треба да увезува струја од Северна Македонија и обратно, но за да се постигне тоа сигурно треба да го зголемиме производниот капацитет. Верувам дека еден ваков договор, од кој ќе имаат корист и двете земји, ќе биде договор кој во наредниот период период ќе обезбеди стабилност во снабдувањето со електрична енергија“, истакна министерот Бектеши.
Министерка за економија на Косово, Артане Ризваноли рече дека треба активно да се работи во иднина и се согласи дека од овој договор ќе имаат придобивки граѓанитете на двете земји.
„Сакам да ви се заблагодарам за сета соработка што ја имавме досега и за сета поддршка што му ја дававте на нашиот енергетски сектор не само сега туку и во минатото. Секако, соработката воопшто и визијата и стратегијата што ја имаме пред нас, предвидува поблиска регионална соработка со Албанија и Северна Македонија, но надвор од тоа не можеме поради фактот што сме во време кога сите се соочуваме со енергетска криза. Секако дека ја поздравувам оваа средба за да видиме што можеме да направиме освен долгорочна соработка и стратегија, што можеме да направиме за да си помогнеме меѓусебно. Уверена сум дека придобивките ќе бидат двострани, очекувам да бидеме коректни во преговорите и да вложиме напори да помогнеме во искористувањето на ситуацијата, важно е заедно да соработуваме за да што е можно полесно ги надминеме ефектите од оваа криза”, кажа Ризваноли ан состанокот.