Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска информира дека во Косово преговара за набавка на три милиони тони јаглен.
–Веќе сме доставивме Меморандум за соработка и рамка во однос на параметрите коишто нас ни требаат за да функционираат нашите термоелектрани во однос на квалитетот на јаглен што треба да се обезбеди од Косово. Очекуваме во рок од три, најдоцна четири месеци, да склучиме договор за наредните пет години за увоз на јаглен од Косово, сѐ со цел да имаме константно производство на електрична енергија во нашите термоелетрани, изјавил Бектеши за ТВ Телма.
Тој појасни дека очекува одговор од косовската страна во наредните две недели за да ни кажат за колку количини да ископаат јаглен во нивните експлоатони полиња.
Бектеши придружуван од заменик- директорот на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Имер Зенку денеска оствари работен состанок со министерката за економија на Република Косово, Артане Ризваноли и директорот на Косовсата енергетска корпорација (КЕК) Нагип Красниќи.
-Како Северна Македонија секогаш сме подготвени и заинтересирани да ја зголемиме соработката со Република Косово на секое поле, особено сега кога се соочуваме со здравствената и енергетската криза поради која сме собрани денеска. Значи, ние и претходно сме разговаравме, многу сме заинтересирани да ја продлабочиме соработката особено во однос на набавка на јаглен од Република Косово во Северна Македонија за потребите на функционирањето на термоцентралите бидејќи капацитетите во однос на експлоатација на јаглен ни се ограничиени и имајќи предвид дека Косово има значителни резерви сметаме дека техничките тимови треба да изнајдат решение кое ќе биде вин-вин и за Република Косово, но и за Северна Македонија. На тој начин да се зголеми соработката не само со увозот на јаглен, туку и во однос на пазарот на електрична енергија воопшто за двете земји. Ние сме крајно заинтересирани да се изнајде такво решение, имајќи предвид дека во одредени месеци и Косово можеби ќе треба да увезува струја од Северна Македонија и обратно, но за да се постигне тоа сигурно треба да го зголемиме производниот капацитет. Верувам дека еден ваков договор, од кој ќе имаат корист и двете земји, ќе биде договор кој во наредниот период период ќе обезбеди стабилност во снабдувањето со електрична енергија, истакна министерот Бектеши.