Нов македонски рекорд: Возел со 4,14 промили алкохол во крвта

од Берта Китинска
328 прегледи

Полицијата вчера „улови“ возач со 4,14 промили алкохол во крвта. Возачот бил застанат на автопатот Скопје-Куманово.

Од МВР информираат дека во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија.

-Санкционирани се 157 возачи. Од нив, 52 на територијата на СВР Скопје, 23 на територијата на СВР Битола, 14 на територија на СВР Штип… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопштија од МВР.