ВМРО ДПМНЕ ќе го реизбира Мицкоски

од Берта Китинска
237 прегледи

Денеска во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе се одржи XVII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Досегашниот лидер на ВРМО-ДПМНЕ Христијан  Мицковски е едиствениот кој поднел кандидатура за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе се бира  на Конгресот на партијата од страна на 550 делегати .

Од партијата најавуваат кадровско освежување, но новите имиња на јавноста ќе и бидат познати по изборот.

Во однос на новата доктрина, која, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде нова водилка на партијата во наредниот период, и која ќе биде разгледана на Конгресот, неофицијално ќе стои дека „основна цел на ВМРО-ДПМНЕ во овој временски момент, е кај граѓаните да ја возобнови надежта дека може да се живее добро дома во Република Македонија“.