Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе донесе одговорност во Македонија

од Берта Китинска
270 прегледи

Покрај изборот на претседател на партијата, Конгресот ќе донесе и документ, акт, политички документ или доктрина која ќе биде платформа за идни делувања на ВМРО-ДПМНЕ. По изборот на претседател, на Конгресот ќе биде избран и статутар на Комисија и Комисија за надзор и финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

-По овој конгрес ќе излеземе уште пообединети, уште посилни и ќе донесеме нови победи на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија. Изминатиот период државата е во тешка економска, социјална, здравствена и енергетска криза на штета на граѓаните и нема никаква одговорност.Ние ветуваме дека ќе донесеме одговорност и ќе ја направиме Македонија подобро место на живеење, кажа генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој кажа дека 517 делегати ќе бидат присутни денеска на Конгресот, а единствен кандидат за лидер е Христијан Мицкоски. Како што рече, во самата доктрина првата тема е како да останат граѓаните тука во нашата држава, да работат, да не одат во странство и да ја гледаат својата иднина тука.

– Во доктрината има 16 предвидени теми. Понудени се и нови теми во орбазованието, каде што викаме дека треба сите заеднички да застанеме и да изградиме нешто ново во орбазованието, образованието да биде посебен столб со консензус од сите политички партии во држава, за нешто да смениме, да подобриме бидејќи образованието е основа на сите процеси во државата. Исто така, имаме понудено и нови проекти за енергетиката, но и други теми, додаде Сајкоски.

Слични содржини