Заев гласаше на вонредните внатрепартиски избори

од Берта Китинска
241 прегледи

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во општинскиот штаб во Струмица гласаше на вонредните вантрепартиски избори.

Заев оставката ја најави ноќта на 31 октомври, како чин на политичка одговорност, откако СДСМ изгуби на локалните избори.Фросина Ременски, Димитар Ковачевски и Јован Деспотовски, се во трката за  лидерската позциција на СДСМ.

Во историјатот на СДСМ претседател со најдолг стаж беше Бранко Црвенковски, а во пократок период со партијата раководеа и Владо Бучковски и Радмила Шеќеринска. Зоран Заев за претседател на СДСМ беше избран во јуни 2013 година, а реизбран во мај 2017 година. Третиот претседателски мандат во СДСМ го почна во март годинава, откако беше избран на првите непосредни внатрепартиски избори, на кои, тој беше единствен кандидат

Слични содржини