247
Во болницата во Струмица се инсталира нов најсовремен апарат за магнетна резонанца 1,5Tesla.
-Со новите магнетни резонанци овзможуваме примена на нови технологии во нашиот здравствен систем. За првпат здравствените установи добиваат апарати опремени со сите најсовремени модификации кои имаат значителна предност и за пациентите и за специјалистите од различни области. Минатата недела на Универзитетскиот институт за радиологија и радиотерапија се инсталираа две магнетни резонанци со јачина 3Tesla. Целта ни е нашите пациенти да добијат здравствени услуги како во европските центри, информираше министерот за здравство Венко Филипче.