Мицкоски: Инсистираме на брзи избори, ВМРО-ДПМНЕ повторно е на победнички патеки

од Берта Китинска
240 прегледи

Поминавме четири години како ВМРО-ДПМНЕ на реформи, на трансформација, што беше многу важно. Денеска после четири години, ВМРО-ДПМНЕ повторно  е на победнички патеки, кажа денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија во земјата која има најголема пратеничка група во парламентот и  најголем број на градоначалници во општините.

-За жал поради политичката некултура којашто владее во Македонија, еве веќе четири години откако СДСМ е власт, се уште за кратко време ќе бидеме во опозиција и затоа инсистираме на брзи предвремени парламентарни избори затоа што народот треба да биде претставуван согласно тоа за што гласал, а народот гласал на последните локални избори за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, кажа Мицкоски .

Toj кажа дека партијата поминала  4 години за внатрепартиска трансформација и реформи и дека сега е време за  реформи.