201
Она што ќе следува е реизбор на владата, но нема потреба од предвремени парламентарни избори, бидејќи парламентарното мнозинство е стабилно, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска пред најавената прес конференција во СДСМ во 21 часот, кога партијата ќе ги соопшти резултатите од денешниот избор на нов лидер на СДСМ.
За претседателското место во партијата денеска се бореа кандидатите: Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски.