Ковачевски: Заев со својата храброст нѐ мотивираше и инспирираше

од Берта Китинска
350 прегледи

Вечерва СДСМ одржа уште една лекција по демократија, но од утре мора да засукаме ракави и да се фатиме за работа. Наша е одговорноста за сѐ што ќе се случува во партијата и во државата, ни треба силен и обединет СДСМ кој има јасни цели и енергија за обединување – рече новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Тој во својот говор му се заблагодари на досегашниот претседател на СДСМ – Зоран Заев.

– Не само што оствари многу значајни победи во СДСМ, туку и со неговата храброст сите нѐ мотивираше и инспирираше. Заев го консолидираше СДСМ во многу тешки услови, го сруши режимот на Груевски, ја внесе државата во НАТО, нѐ научи што е партиско другарство, ни остави аманет да го продолжиме патот на демократскиот развој. Вечерва завршуваме со ветувањата, од утре почнуваме со реализиација. Многу работа за да ја вратиме довербата на граѓаните и на членството – рече Ковачевски.