„24 Часа“: Петков наместо Радев ќе оди во Брисел за да го каже своето прво „не“ за Северна Македонија

од Берта Китинска
233 прегледи

Кирил Петков ќе го замени бугарскиот претседател Румен Радев како претставник на Бугарија на овогодишниот последен Европски совет в четврток во Брисел, пишува „24 Часа“.

– По правило на Европските совети учествува премиерот на Бугарија, а по исклучок на нив присуствува претседателот кога во земјата има техничка влада. Досега се планираше Румен Радев да ја претставува Бугарија на последниот Совет за оваа година. Во Бугарија дури се шпекулираше дека инаугурацијата на новата влада ќе биде одложена за да може шефот на државата да го одбрани бугарското вето во Брисел за почетокот на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, наведува изданието.

Но, според „24 часа”, лидерот на „Промената продолжува” и кандидат за нов бугарски премиер Кирил Петков сака тој да оди на заседанието на Советот и да преговара со другите европски лидери.

– Тој би дебитирал во Европскиот совет со новиот германски канцелар Олаф Шолц, кој минатата недела беше избран од Бундестагот. Ставот на Бугарија за Северна Македонија останува непроменет, објави во саботата Петков на претставувањето на предлогот за неговата влада, потсетува изданието.

Новиот премиер за политиката на Бугарија кон Република Северна Македонија, рече:

„Ние и РСМ имаме многу да добиеме со заедничка одлука. Бугарската позиција останува таква каква што е, но ние сакаме да ја надградиме. Не сакаме да продолжиме само со пароли од двете страни на границата, сакаме да седиме во тимови и да одиме кон добрососедство, но ќе ги браниме  и нашите национални интереси“.

Слични содржини