Муслиу: Мицкоски првпат влегува во постабилни води во ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска
263 прегледи

И во говорот на новиот лидер на СДСМ и во обраќањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ слушнав смирувачки тонови кои се надевам дека ќе доведат до смирување на општеството. Ова утринава го изјави политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во емисијата „Здраво Македонијо“

-Говорот на Ковачевски беше добор осмислен со поенти. Барем  по тие два говора кои вчера ги слушнавме на Ковачевски и на Мицкоски ќе бидат увертира во малку општествено помирна недела и ќе се потрудат да ги спуштат барем тензиите. Мицкоски по првпат влегува во постабилни води во ВМРО и тоа што го најави е интересно и ќе видиме како ќе се одвиваат работите, кажа Муслиу