Клоп: Чекав 54 години да играм на Сан Сиро, а сега два пати во 3 месеци

од Nikola Popovski
236 прегледи

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека УЕФА донела правилна одлука кога ја повторила ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите и додаде дека со нетрпение ги очекува натпреварите со Интер.

Денеска во два наврати се одржуваше ждрепката за Лигата на шампионите, откако ждрепката која започна во 12 часот беше поништена поради нерегуларности во процедурата и технички проблеми.

Запрашан за повторената ждрепка, Клоп рече дека тоа е правилна одлука.

„Дефинитивно. Го гледав во живо и реков: Нема шанси да остане вака, нема шанси. Мора да ја повторат, изјави Клоп за клупската веб-страница. Во првата извлекување, Ливерпул за противник го доби Салцбург, а во втората Интер.

Ливерпул оваа сезона веќе играше во групната фаза на Сан Сиро против Милан, а Клоп за прв пат беше учесник на натпреварот на познатиот стадион.

„Морав да чекам 54 години за да играм првпат на Сан Сиро, а сега ќе го сторам тоа двапати за три месеци и тоа е добра вест. Се е во ред. Секако дека ждрепката е тешка, дефинитивно. Тие се лидери во италијанското првенство, добар тим во моментов. Ќе видиме како ќе се развиваат работите до февруари кога ќе играме“, изјави Клоп.

Првите осминафинални натпревари ќе се играат на 15, 16, 22 и 23 февруари, додека реваншите се закажани за 8, 9, 15 и 16 март. Зборувајќи за италијанскиот тим, Клоп го пофали напаѓачот Лаутар Мартинез.

„Добро ги познаваме Санчез и Џеко, а Лаутаро Мартинез е веројатно еден од највозбудливите напаѓачи во светот. Симоне Инзаги е таму, негова прва година. Тие беа шампиони минатата сезона, но тоа е начинот на Ливерпул, никогаш не е лесно, но тоа е можно, па ќе се обидеме. Ова е вистински дуел од Лигата на шампионите и со нетрпение го очекувам“, додаде германскиот стручњак.

Фото: Catherine Ivill/Getty Images

Слични содржини