336
Д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје смета дека, иако е рано, идно сценарио за четврта доза сепак постои.
-Третата бустер доза ќе биде сосема доволна, кога е во прашање сојот омикрон. Постојат повеќе сценарија, во кои што омикрон се следи. Сепак, тоа е нов сој и следењето на каратеристиките може да изреализира неколку сценарија, вели Мехмедовиќ во изјава за Канал 5 ТВ.
Според него, треба да бидеме подготвени во секој случај, без разлика на сојот.
-Постојат можности за четврта доза, додава Мехмедовиќ.