Ова беше очекуван исход во СДСМ, имајќи предвид дека претходниот претседател се повлече од членството. Тоа што беше очекувано дека членството на партијата ќе му даде поддршката на Ковачевски, вели поранешниот градоначалник и поранешен член на СДСМ, Андреј Петров во емисијата „Само вистина“, зборувајќи за вчерашната победа на новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Според Петров, актуелниот заменик-министер за финансии го отсликува реалното расположение во СДСМ.
-Долг период не се мешам во кадровските комбинаторики на партијата, меѓутоа од страна ги познавам тројцата кандидати. Ковачевски е интелигентен, човек без политички багаж и не можете да му ја скратите можноста на некој да се покаже. Тешка задача е пред него, после ваков резултат на локалните избори. После првите чекори ќе се види реалноста, што е концептот. Тој мора да расчисти со политичкиот клиентилизам и со корупцијата, потенцира Петров.