Мицкоски имаше еден прилично добар говор, презентирајќи нова доктрина и реалност на се што е зацртано, да го реализира. Нешто друго што е доста значајно е тоа што во една политичка демократија, многу е битно да имате обраќање и кон граѓаните. Во нашата земја, процентот на излезност на избори, тежнееме да биде поголем и затоа е добро што тој не се обрати само кон партиските членови, вели поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска во емисијата „Само вистина“.
Според неа, потребно е за ВМРО-ДПМНЕ да ја активира повеќе интелектуалната маса.
-Имаме експерти во сите области, кои ни се потребни за решавање на одредени состојби, вели Милевска и додава:
-Благодарејќи до ВМРО-ДПМНЕ, бев на функцијата подолг период. Мислам дека имам направено големи резултати и за рејтингот на партијата и во однос на резултатите, во делот на програмите и проектите пред граѓаните, смета поранешната министерка.