Заедничките групи меѓу Македонија и Бугарија ќе работат секој месец, вели Петков во своето прво интервју како премиер

од Nikola Popovski
269 прегледи

Новиот бугарски премиер, Кирил Петков во денешното прво интервју како претседател на новата бугарска влада, беше запрашан и за односот на Бугарија кон Македонија и дали ќе дојде до промена на тврдите позиции на официјална Софија. Според него, тие ја „зачувуваат позицијата на Република Бугарија во однос на барањата кон Северна Македонија, но ја надградуваат“.

-Ние и Република Македонија имаме многу да добиеме од добрососедството, тоа мора да се направи врз основа на меѓусебно почитување и меѓусебно почитување, а тоа мора да се направи преку добра комуникација и многу работа. Надградувањето треба да се случи преку заеднички групи што ќе работат секој месец, најмалку еднаш месечно, и во нив треба да зборуваме за заедничка инфраструктура, заедничка култура, заеднички економски чекори, појасни Петков во интервју за „БНТ“.

Новиот бугарски премиер исто така информира дека во најкус можен рок ќе воспостави контакт со македонскиот премиер Зоран Заев.

-Тоа ќе биде мој приоритет зашто не сакаме да губиме време на никаков начин. Многу време изгубивме досега во изминатите години, така што на министерот за надворешни работи ќе му биде главен приоритет организацијата на овие работни групи за новиот тон што ќе биде многу поконструктивен и ќе почива на заедничките нешта што можеме да ги придобиеме. Да работиме тимски во различни области и да бидеме сигурни дека преку заедничка работа и комуникација се движиме кон добрососедство, но и ќе ги браниме нашиот бугарски интереси, одговори Петков на прашање во своето прво интервју како премиер.

Слични содржини