Ковачевски за „Локално“: Смешен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ да изнесува лаги, можеби не се сретнале досега со ваков тип на едукација, па им е чудно

од Vladimir Zorba
386 прегледи

Навистина делува смешен обидот на ВМРО-ДПМНЕ да изнесува лаги за нешто што многу лесно се проверува. Моете резиме е достапно на повеќе места на интернет, вклучително и на сајтот на Министерството за финансии. Таму јасно пишува дека имам стручно усовршување на Харвард, а такви усовршувања имам уште на три други универзитети во Ротердам, Барселона и Минхен, вели лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски за „Локално“, како реакција на соопштението од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Точно стои каде сум дипломирал, магистрирал и докторирал. Можеби ВМРО-ДПМНЕ не знае да го толкува ваквото резиме или не се сретнале досега со ваков тип на едукација па им е чудно“, додава Ковачевски.

Од Белата палата претходно прашаа дали Ковачевски го прикажува курсот на Харвард како факултетска диплома?

Ако е точно, прашаа оттаму, тогаш наводно направил класична лага и манипулација на јавноста, бидејќи ваквиот курс е скапо платена кратка едукација платена со неколку десетици илјади евра.

Од партијата на Мицкоски велат дека секој може да се стекне со таква диплома со завршен факултет во земјава, само доколку има доволно пари за него за да може да плати и да го посетува.

В.З.