Приведен криумчар од Србија, пронајдени 28 мигранти

од Берта Китинска
163 прегледи

На 13.12.2021 на автопатот Гевгелија – Скопје, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го лишиле од слобода К.А.(20) од Прешево, Република Србија, затоа што при преглед во товарно возило „фиат дукато“, со српски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 28 лица – мигранти, од кои 25 од Куба (20 полнолетни и 5 малолетни) и 3 од Индија.

Претходно, во 19.20 часот на автопатот на место викано „Нова петла“ во близина на Гевгелија, тој не застанал на даден знак од полициски службеници, а откако бил стигнат запрел, го напуштил возилото и се обидел да избега, но бил фатен и лишен од слобода. Мигрантите биле пренесени во Прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а К.А. бил задржан во Полициска станица Гевгелија.