Том Харди „залутал“ на снимањето на новиот „Matrix“ – можеби ќе остане во филмот

од Vladimir Zorba
334 прегледи

Во четвртиот дел од култниот филм „Matrix“ наречен „Matrix Resurrections“ може да се појави Том Харди – како статист, доколку неговите сцени не бидат исфрлени.

За време на интервју за странски медиуми, актерката Џесика Хенвик, која ја игра во новиот „Matrix“, откри дека би можела да се појави во позадина на некои сцени заедно со ѕвездата на „Venom“, Том Харди.

„Снимавме во Сан Франциско во исто време со „Venom 2“ и го запознав Том Харди“, откри таа, додавајќи:

„И така, Том Харди и јас трчаме во позадина на една од сцените во четвртиот дел на „Matrix“.

Во „Matrix Resurrections“, Киану Ривс се враќа како Нео. Џесика Хенвик се приклучува на актерската екипа заедно со новодојдениот Јахја Абдул Матеин кој ја добива улогата на помладата верзија на ликот од „Matrix“ – Морфеус.

Слични содржини