Том Харди останал без улога во познат филм бидејќи не бил доволно атрактивен

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Том Харди не добил улога во познат филм затоа што не бил доволно атрактивен? Иако е тешко да се поверува, тоа се случило на почетокот на неговата кариера, бидејќи тогаш го привлекувале значително поразлични улоги од денешните.

За време на интервју за „Телеграф“, актерот открил дека сакал да го игра господинот Дарси во „Гордост и предрасуди“ во 2005 година, но кастинг директорите мислеле дека тој не е доволно атрактивен.

Стејси Снајдер, поранешна извршна директорка во Universal Pictures, му кажал на Харди по аудицијата дека тој едноставно не е добар избор за Дарси.

„Миличок, секоја жена има замисла за тоа кој треба да биде Дарси и едноставно тоа не си ти“, му рекла Снајдер тогаш, а актерот тешко го прифатил тоа.

 

„Тоа навистина многу ме погоди“, се сеќава Харди. „Носев сина кошула, фармерки и сино сако и дадов се од себе обидувајќи се да го имитирам Хју Грант, но без успех“.

Слични содржини