РУСИТЕ ПОЧНАА ТЕСТОВИ: „Спутник V“ се модифицира за „омикрон“

од Vladimir Zorba
333 прегледи

Рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“ веќе ја модифицира вакцината „Спутник V“ за да ја прилагоди на „омикрон“ варијантата на коронавирусот, а моментално е во првата фаза од клиничките испитувања.

– Засега нема докази дека „омикрон“ ќе го потисне „делта“ сојот. Можно е вакцината да содржи две компоненти кои ќе штитат и од „делта“ и од „омикрон“ соевите – изјави директорот на Центарот, Александар Гинзбург за каналот Русија 24, пренесе ТАСС.

Затоа, како што појасни, ќе биде неопходна нова платформа за создавање вакцини, која во моментов е веќе развиена од Институтот „Гамалеј“, а вакцината моментално е во почетна фаза на клинички испитувања.

Слични содржини