Смена и во „Улици и патишта“: Нов директор е Борис Настов

од Nikola Popovski
570 прегледи

Од Град Скопје информираат дека е поставен нов директор на ЈП „Улици и патишта“ Скопје.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска го назначила Борис Настов за нов в.д. директор, откако претходно од директорската позиција беше разрешен Горан Симоновски.

-Борис Настов е дипломиран машински инженер со долгогодишно работно искуство на раководни позиции во Гранит АД Скопје, БАУЕР БГ Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ Скопје и Министерство за финансии, стои во соопштението од градот.

Во текот на денот беше назначен и нов директор на скопската Зоолошка градина. Арсовска го назначи Кристијан Стаменов, откако претходниот директор Ѓорги Галетановски си поднесе оставка од оваа функција.

Слични содржини