654
Млад охриѓанец е осомничен за затајување пари од спортска обложувалница каде што работел, соопштија од полицијата.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Б.(21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело затајување.
Тој, во периодот 2/03.11.2021 година, како касиер во спортска обложувалница во Охрид, противправно присвоил пари од прометот од кои дел искористил да игра на VLT апарати, а дел ги давал на играчите кои биле присутни во обложувалницата.
На тој начин, пријавениот го оштетил правниот субјект во вкупен износ од 568.886 денари (9267 евра).