Влада: Дел од Малешевските Планини се прогласени за заштитени

од Nikola Popovski
258 прегледи

На денешната седница Владата донесе Одлука за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел.

Површината на идното заштитено подрачје заштитен предел-Малешево изнесува 11460,89 хектари со три зони на заштитено подрачје за заштита и унапредување на природата.
Прогласувањето на дел од Малешево за заштитен предел ќе придонесе кон унапредување на имплементација на Aichi целите од Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD) и другите конвенции за заштита на природата (Bern, CITES, Bonn, Ramsar и др.), за прогрес во исполнување на целите и акциите од Националната стратегија за заштита на природата и од Националната стратегија за биолошка разновидност, како и за прогрес во имплементација на ЕУ директивите за живеалишта и птици, унапредување на прекугранична соработка во областа на заштита на природата со Република Бугарија, развој на екотуризмот и локалната економија и др.

Слични содржини