Се очекува министрите кои учествуваат на Советот за општи работи да усвојат заклучоци за проширувањето на ЕУ, смета бугарскиот европратеник и известувач за Македонија, Илхан Ќучук.
Според него, постои законски обврзувачки предлог во форма на 5+1 точките, кој ќе помогне да се надмине бугарското вето.
Ќучук смета дека постои само еден начин да се врати довербата, а позицијата на Бугарија, според неговите оптимистички најави, ќе се промени.
„Позицијата на Бугарија не може да остане иста, бидејќи односите се развиваат веќе две години. Даден е конкретен предлог во форматот 5+1. Тој беше подготвен од Европската комисија, развиен за време на португалското претседателство и претставен на двете страни. Во тек е активна комуникација. Она што самиот предлог може да го направи е да го врати дијалогот, да го врати разговорот, за да се врати довербата. Изгубена е довербата“, посочува Ќучук.
Бугарскиот европратеник додаде дека францускиот претседател Емануел Макрон, чија земја ќе биде на чело на ЕУ на 1 јануари, изјавил дека ќе одржи самит ЕУ-Западен Балкан во јуни, што требаше да се одржи за време на чешкото претседателство.