Мицкоски бара алумни број на Ковачевски од Харвард, граѓаните прашуваат: „Каков број имаат тие што завршиле кај тате“

од Vladimir Zorba
561 прегледи

„Ковачевски кога лаже за диплома на Харвард, лаже и за се друго, исти луѓе исти вредности. Ковачевски посетил курс на Харвард од неколку дена, кој може да го посети секој еден кој може да плати десетина илјади евра за таа намена. Доколку Ковачевски беше дипломец на Харвард тој ќе имаше алумни број, кој ќе го покажеше наместо да се крие зад партиски памфлети“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски не е дипломец на Харвард. Тој лаже уште не седнат на местото на Заев, можеме да замислиме како ќе лаже кога допрва ќе седне.

Ковачевски ги врти истите празни флоскули кои ги вртеше Заев и не ги исполни. Ковачевски исто како и Заев манипулира, тоа се истите празни ветувања, кои одамна се прочитани од граѓаните“, додаваат од партијата на Мицкоски.

Ковачевски уште вчера изјави дека делува смешен обидот на ВМРО-ДПМНЕ да изнесува лаги за нешто што многу лесно се проверува.

„Моете резиме е достапно на повеќе места на интернет, вклучително и на сајтот на Министерството за финансии. Таму јасно пишува дека имам стручно усовршување на Харвард, а такви усовршувања имам уште на три други универзитети во Ротердам, Барселона и Минхен, вели лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски за „Локално“.

„Точно стои каде сум дипломирал, магистрирал и докторирал. Можеби ВМРО-ДПМНЕ не знае да го толкува ваквото резиме или не се сретнале досега со ваков тип на едукација па им е чудно“, додава Ковачевски.

По соопштението на опозициската партија многумина се чудат зошто партијата на старо-новиот лидер се насочиле кон образованието на првиот човек на Бихаќка. Самиот тој во едно интервју неодамна изјави дека еден семестар му бил асистент на неговиот татко на Електро-машинскиот факултет, и дека е горд на тоа. Од СДСМ посочија дека токму татко му го поставил за негов асистент на Електро-машинскиот факултет и тој така успеал да магистрира и докторира.

– Сплет на околности беше мене да ме изберат за асистент, рече тогаш Мицкоски.

А по денешното соопштение, граѓаните на социјалните мрежи продолжуваат со коментари во насока на Мицкоски и неговиот начин на кој стигнал до дипломата.

„Каков број имаат тие што завршиле кај тате, а воедно станале и асистенти на тате?“, прашува граѓанин. „Оставете го вие Ковачевски. Тој е лидер на СДСМ. Вие избравте лидер без тој ваш алумни број“, вели друг. „Не знам зошто се нервираат дали имал дипломи или немал, тој е лидер на СДСМ. Моментално тоа му пречи“, посочуваат граѓаните.