271
Откако вчера Советот за општи работи на ЕУ не одобри старт на преговорите за членство на земјава во Унијата, секретарот на Движењето БЕСА, Аднан Азизи преку објава на својот фејсбук-профил повика на одржување предвремени парламентарни избори
– Датум… интеграциите… ЕУ… .процесот… нè оглувија со празни пароли, а всушност се си прават за да ја одбранат власта и да одолговлекуваат до последен момент. Нема датум – власта е делегитимирана, затоа предвремени избори ден поскоро, инаку овие можат само да не одведат во бездна, напиша Азизи.