Фон дер Лајен: Омикрон би можел да биде доминантен во Европа до средината на јануари

од Milan1
245 прегледи

Новата варијанта на коронавирусот, омикрон, би можела да стане доминантна во Европа до средината на јануари, предупреди во средата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека сега има доволно вакцини за сите Европејци.

Со оглед на брзото ширење на варијантите на омикрон, „науката ни кажува дека можеме да очекуваме омикрон да стане доминантна варијанта во Европа до средината на јануари“, рече Фон дер Лајен пред европратениците во Стразбур.

Светската здравствена организација (СЗО) во вторникот предупреди дека варијантата се шири „со брзина каква што не сме виделе со ниту една друга варијанта“, повикувајќи да се користат сите средства за да се избегне брзо оптеретување на здравствените системи во европските земји , особено со приближувањето на Божиќ и Нова Година.

„Но, во текот на изминатата година работевме напорно и постигнавме многу. Затоа Европа сега е во подобра позиција да се бори против вирусот “, рече таа, пред самитот на европските лидери во Брисел.

„Прво и најважно, сега имаме доволно дози вакцина за секој Европеец“, рече Урсула фон дер Лајен, потсетувајќи дека 66,6 отсто од населението на ЕУ примило две дози вакцина против Ковид-19 и дека третата доза во моментов е најдобрата заштита против новата варијанта.

„Сега најважно е што побрзо да се зголеми бројот на вакцинирани во Европа“, бидејќи „цената што ќе ја платиме доколку не се вакцинираат ќе продолжи да се зголемува“, особено со доаѓањето на празниците.

Слични содржини