Во Црна Гора регистрирани првите случаи на подсоеви на омикрон варијантата на коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska

Во Црна Гора се регистрирани првите случаи на зараза со подсоеви на омикронската варијанта на коронавирусот, ЕГ.5.1 (т.н. Ерис) и ФЛ1.5.1 (т.н. Форникс), соопшти денеска Институтот за јавно здравје.

Се прецизира дека овие подсоеви имаат мутација на спајк протеинот, односно делот од вирусот што го олеснува влегувањето во клетката.

Оттаму, велат тие, овие подсоеви потенцијално можат да го избегнат имунолошкиот одговор стекнат со претходна природна инфекција или вакцинација и да предизвикаат зголемена трансмисија, односно да доведат до зголемување на бројот на пациенти, пренесува „Танјуг“.

Се додава дека постојните тестови добро ги препознаваат овие супстранови, а од ИЈЗ додаваат дека нема докази дека тие поттикнуваат значителни промени во тежината на клиничката слика, односно дека можат да предизвикаат појава на сериозни форми на болеста или да ја зголемат смртност на заразените.

Податоците собрани со следење на глобалната циркулација на вирусот покажуваат дека симптомите на инфекција со овие подтипови се исти како и кај претходните варијанти на вирусот.

Институтот апелира до граѓаните да ги почитуваат важечките мерки за здравствена заштита, особено обврската за носење заштитна маска во здравствените установи и установите за социјална и детска заштита, како и обврската на лицата заразени со коронавирус да носат заштитна маска седум дена од денот на добивањето на позитивен резултат од тестот, со почитување на општите антиепидемиски мерки.

Исто така, наведуваат дека Институтот ќе продолжи континуирано да ја следи состојбата во врска со појавата на нови подсоеви на корона вирусот во Црна Гора и согласно добиените податоци, редовно ќе известува до јавноста и ќе предлага мерки за зачувување на здравјето на популација.

Слични содржини