Претседателката на Косово, Вјоса Османи смета дека треба да се почека да се заврши процесот за „Диво Насеље“ пред Врховниот суд во С.Македонија посочувајќи дека Република Косово ќе даде целосна поддршка во случај на меѓународна истрага и вклучување на надворешни експерти за да се откријат сите околности кои што се однесуваат на овој случај.
Османи рече дека „се што ќе каже, би биле политички изјави, што не помагаат за случајот, кој што е во судска постапка“.
– Мислам дека треба да почекаме да заврши процесот и понатаму да се откријат сите околности кои што се однесуваат на овој случај. Но, моментално случајот е во високиот суд и откако ќе донесе одлука и ќе бидат завршени сите правни лекови внатре во Северна Македонија. Но, ние видовме дека и самиот премиер Заев кажа дека бил подготвен да има меѓународна истрага, како и вклучување на надворешни експерти за да ги разгледаат тие докази и во овој случај, Република Косово ќе даде целосна поддршка и се надевам дека сорботката, што постои моментално меѓу двете министерства за правда ќе оди чекор напред за овие прашања да се дискутира на институционален начин, изјави Османи, на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски.