Заев ќе ја поднесе оставката следната недела: „Оставив аманет на Ковачевски да победува на следните избори“

од Берта Китинска
268 прегледи

Премиерот Зоран Заев  најави дека оставката на премиерската функција ќе ја поднесе во текот на наредната недела.

-Овие денови завршуваме со консултациите со коалициските партнери. Тоа што можам да го кажам е дека се заокружуваат важни процеси и програмски и владини и кадровски, така да ќе ја донесам одлуката некаде на почетокот на следната седмица и штом ја донесам веднаш ќе соопштам и кога точно ќе биде формализирана пред Собранието, изјави Заев за ТВ 24.

Заев изјави дека прво што ќе му порача на новиот лидер на СДСМ, Димитар Кочевски е да ги чува вредностите на партијата.

-Тоа се слободата, солидарноста, демократијата, еднаквста и да го чува демократскиот капацитет и потенцијал, затоа што преку оваа партија и е потребен на државата. СДСМ е една од најголемите државотворни партии кои што во сите овие 30 години незавиноста ја одигра својата државничка улога. Аманетот е да победува на следните избори, за да може и СДСМ и своите вредности да бидат уште повеќе имплементирани, рече Заев.

Слични содржини