Навивачите во Битола со прекрасен гест за децата од ранливи категории

од Nikola Popovski
527 прегледи

Пред синоќешното ракометно дерби меѓу Пелистер и Вардар, раководството на битолскиот клуб побараа сите навивачи да дојдат со плишани играчки кои ќе бидат донирани на децата од ранливи категории.

Ракометна Битола го испочитува барањето и направи голем гест на полувремето од натпреварот, па така подот на спортската сала „Боро Чурлевски“ беше преплавен од плишани животинчиња.

Од клубот велат дека со оваа порака сакааат да ги потенцираат вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот.

Овој убав гест на битолчани е по примерот на навивачите на фудбалскиот клуб Бетис. Навивачите на клубот од Андалузија секоја година пред Божиж на теренот фрлаат плишани играчки кои потоа клубот ги дели на децата од градот Севиља кои се посиромашни.

Слични содржини